Турција го затвори последниот граничен премин со Сирија што се уште го контролира Владата на претседателот Башар ал Асад и ги зајакна мерките за безбедност по бомбашките напади во пограничниот град Рејханли порано овој месец.
Министерот за царини Хажар Жазиџи изјави дека преминот Жажлагади, околу 90 километри од Рејханли ќе остане затворен еден месец, а дека за време на тој период само оние кои не се сириски државјани, а преминуваат преку Турција, ќе можат да ја преминат границата на тој премин.
Еден турски функционер рече дека сега е време на премините да се постави опрема за откривање на бомби.
Во два симултани бомбашки напади во Рејханли на 11 мај загина 51 лице, што ги зајакна стравувањата дека граѓанската војна во Сирија ќе се прошири на соседните земји.