Турција ги проверува „Фејсбук“ и „Твитер“

Од:

Турските власти започнаа истрага за случаите во кои наводно граѓаните по пат на социјалните мрежи ги навредувале официјалните лица и поттикнувале масовни антивладини протести.

Медиумите објавија дека полицијата доставила список на 35 лица, до јавното обвинителство во Истанбул, кои на социјалните мрежи го навредувале премиерот Реџеп Тајип Ердоган и други официјални лица на владата на Турција.

Заменик-премиерот Бекор Боздаг ја потврди веста, но не се изјасни за списокот на корисниците и додаде дека на социјалните мрежи има многу навреди и вулгарности кои се косат со законот, кој забранува навреда на јавните личности.

-Ништо не се менува доколку таквите кривични дела се извршени на „Фејсбук“, „Твитер“ или некој друг електронски пат – изјави Боздаг.

Според извештаите на локалните медиуми, полицијата привела десетици лица поради осомниченост за поттикнување протести по пат на социјалните мрежи.

-Им порачавме на сите социјални медиуми доколку работат во Турција мора да ги почитуваат нашите закони, соопшти министерот за сообраќај и комуникации, Бинали Јилдирим.

Организацијата за заштита на човековите права веќе долго време врши притисок на Турција да изврши реформи на строгите закони за интернет.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски