Три лица се тешко повредени во тепачка на свадба во Бјелина, јавија денеска бањалучките медиуми.
Според информациите, две лица се избодени со нож, а третиот е претепан во тепачката што се случила доцна синоќа.
Повредените со возило на Брза помош се пренесени во болница, двајца се оперирани синоќа, а третиот утрово. Засега не се познати подетални информации за нивната моментална здравствена состојба.
Од полициската управа Бјелина соопштија дека кај нив била пријавена тепачка меѓу три лица и дека за се бил информиран дежурниот обвинител.