Три милиони евра за отворање нови работни места во западен Балкан

Од:

Меѓународната организација на трудот (ИЛО) и Советот за регионална соработка во југоисточна Европа денеска во Брисел потпишаа договор за  спроведување на заедничка платформа за вработување и социјлана политика во земјите од западен Балкан, за чија реализација Европската комисија ќе обезбеди три милиони евра.

Како што јави Фена, проектот наречен „Платформа за економски и социјални прашања (ЕСАП), заедно ќе го реализираат ИЛО и Советот за регионална соработка, во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Превидено е во рамки на проектот да зајакне регионалната соработка и институционалните капацитети на јавната администрација, здруженијата на работодавци и на синдикатите, со цел на ефикасен начин да се спроведат реформи на пазарот на трудот и во сектотрот на социјалната политика, како дел од предпристапните процеси на државите од регионот на патот кон членство во ЕУ.  

По потпишувањето на договорот, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ изјави дека очекува со „здружување на заедничките сили на Генералната дирекција за вработување, социјални прашања и инклузија, ИЛО, Советот и владите на државите од западен Балкан, да се придонесе за зајакнување на капацитетите на јавната администрација со цел постигнување подобри резултати и следње на социјалната политика и политиките на вработување и управување со човечките ресурси“. 

Регионалниот директор на ИЛО за Европа и Централна Азија, Хајнц Колер оцени дека со оваа иницијатива на постоечката соработка со ЕУ ќе и се додава и регионална димензија.

– Тоа ќе овозможи и ќе поттикне взаемна акција и поврзување на институциите задолжени за пазарот на трудот на западен Балкан, како и за поврзување со европските институции, нагласи Колер.

Со проектот се предвидува зајакнување на улогата и ефикасноста на трипартитниот социјален дијалог, унапредување на законските прописи од сферата на трудот, промовирање на колективните договори, зајакнување на трудовите инспекции и обезбедување на активно учество на социјалните партнери во изработката на политиките на пазарот на трудот.

Предвидено е проектот ЕСАП да трае 36 месеци, а проект тимот за негова реализација ќе биде сместен во Сараево.

Во рамки на проектот ќе биде воспставена и виртуелна платформа преку која ќе се следат и надополнуваат одделни активности од платформата.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ