Три деца на возраст од осум, 12 и 14 години биле повредени кога рачна бомба, што ја пронашле во корпа за отпадоци, експлодирала во нивните раце во југоисточната турска провинција Дијарбекир.
Состојбата на две од децата е критична.
Полициските сили го пребаруваат местото по инцидентот. Во контејнер биле откриени уште три рачни бомби и молотов коктел.