Три бебиња од Младеновац починаа за само 24 часа: Мајка на бебе му давала парацетамол на еден час, па го предозирала

Од:

Три бебиња од Младеновац и околината починаа за само 24 часа. Според српски Курир, сите три бебиња имале висока температура неколку дена.

Едно доенче имало температура 40 четири последователни дена, но семејството не го однело детето на лекар.

– Едно од тие малечки имало и срцева мана, а мајката на третото починато бебе го предозирала – му давала парацетамол на секој час! – вели изворот на Курир.

Како што Курир неофицијално дознава за смрт на бебињата, известена е и полицијата.

– Се чекаат резултатите од обдукцијата за да се дознаат точните причини за смртта. Дури кога ќе дојде тој наод, полицијата ќе преземе дополнителни чекори – вели извор на Курир запознаен со случајот.

Според сознанија, едно деветмесечно бебе починало вчера во 16 часот, друго на само еден месец починало утрово во Здравствениот дом Младеновац, а третото четири и пол месечно бебе во белградската болница во Тиршова.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

(ВИДЕО) Четири бебиња загинаа во пожар во породилиште во Баку

Горан Наумовски

Трагедија во Австрија: Количка со две бебиња падна по стрмна падина, едно дете загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пронајдени мртви бебиња во канта за ѓубре, соседите слушнале плачење

Холандскиот суд забрани донирање сперма на биолошкиот татко на 550 деца