Словенија од денеска активираше станици за брзо тестирање на коронавирус на пет гранични премини со Хрватска, како и на аеродромот во Љубљана.
Воведено е правило за обврзно тестирање на сите патници кои пристигнуваат од земји од т.н. црвена листа кои немаат негативен резултат на PCR тест не постар од 48 часа.
Сите оние кои одбиваат да бидат тестирани или се позитивни, ќе бидат вратени во земјата од каде доаѓаат, а сите кои се позитивни или не сакаат да бидат тестирани ќе мора да бидат во карантин.