Тело на бебе најдено во вреќа за ѓубре на депонија во Приштина

Од:

Тело на новороденче без знаци на живот е пронајдено во црна кеса покрај ѓубриште на улица во Приштина – ова го потврди косовската полиција за приштинска „Коха“ со изјава дека случајот е пријавен утринава околу 11 часот.

Лекарите од итната помош констатирале дека новороденчето е пронајдено без знаци на живот.

Безживотното тело на новороденчето е пренесено во Институтот за судска медицина, а полицијата започна увид.

Во меѓувреме, овој случај го потврдија и Основното обвинителство во Приштина.

Тие наведуваат дека во врска со овој случај се преземаат сите мерки и истражни дејствија.

Би можело да ве интересира

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Миха е првото бебе родено во Кочани во новата 2026 година

А1он

Млада мајка од Белград е обвинета за обид за убиство на своето бебе

Германски воен авион со часови кружеше над Приштина

Горан Наумовски

Грабеж во Приштина: Вооружени разбојници сакаа да ограбат возило кое пренесуваше пари

Одреден и е притвор на мајката која го остави своето бебе до контејнер во Земун