Тегелтија: Мирот и стабилноста во БиХ не се загрозени, не може да се прави паралела меѓу ситуацијата во БиХ и Украина

Од:

Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, денеска во разговор со специјалниот пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, изјави дека мирот и стабилноста во БиХ не се загрозени и дека не може да се направи паралела меѓу БиХ и Украина.

Тегелтија оцени дека секое ставање во контекст на ситуацијата во Украина и БиХ е неприфатливо и недозволиво, соопшти Советот на министри на БиХ.

Во соопштението се наведува дека Тегелтија го информирал британскиот пратеник за актуелната политичко-економска ситуација во земјата, при што нагласил дека внатрешниот дијалог и почитувањето на Дејтонскиот договор се клучот за долгорочниот успех на БиХ и единствениот начин да се обезбеди стабилност и напредок.

Тегелтија, исто така, додал дека е непотребно да се воведуваат какви било санкции за кој било во БиХ, особено за легитимно избрани владини функционери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина