Тегелтија: Кризата во Украина на ниту еден начин нема да биде пренесена во Босна и Херцеговина

Од:

Кризата во Украина на ниту еден начин нема да биде пренесена во Босна и Херцеговина, доколку не ја пренесат оние, кои ја создадоа кризата и во поранешна Југославија во деведесеттите години, изјави претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Коментирајќи ги неодамнешните изјави на британската министерка за надворешни работи, околу „малигното влијание на Русија“ и повикот Босна и Херцеговина да ја поддржи Украина, Тегелтија додаде оти, за него, постапките на шефицата на британската дипломатија, не се никакво изненадување.

– Свртувањето на една страна, на една политика, на ниту еден начин нема да ѝ помогне на Босна и Херцеговина, истакна Тегелтија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски