Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, објави дека ќе се изготви план со новиот министер за безбедност за решавање на мигрантската криза во БиХ и дека претставниците на ЕУ, колку и да се обидуваат да обезбедат пари за нивниот престој во БиХ, нема да успеат во тоа.
Тегелтија изјави дека очекува многу подобра соработка помеѓу полициските агенции во БиХ во наредниот период.
Тој посочи дека најголем дел од забелешките во работењето на претходниот Совет на министри има во врска со лошиот став кон мигрантската криза и потценувањето на проблемот.
– БиХ не може да го реши овој проблем самостојно, што не треба да се потценува, затоа што на меѓународната заедница и на соседните земји им покажуваме дека сме затворено место кога станува збор за мигрантската криза. Имате неконтролиран влез, а од друга страна се е направено за овие луѓе да не можат да излезат од БиХ, рече Тегелтија.