„Тато умирам, тука е масакр“- Низ солзи раскажа таткото на Немања кој беше застрелан од убиецот во Младеновац

Од:

Добрица Илиќ, жител на Малo Орашје, во шокантна исповед ги раскажа деталите од драмата што ја доживеал синоќа кога му се јавил ранетиот син Немања за време на масакрот што го извршил У.Б.

Немања Илиќ (23) е ранет во раката, колкот и коленото и се наоѓа во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград.

Неговиот татко Добрица Илиќ изјави дека ранетите и оние кои успеале да го преживеат крвавиот поход на убиецот им се јавиле на своите родители на телефони.

– „Тато, умирам, тука е масакр“, ми рече син ми кога ми се јави на телефон – рече Добрица Илиќ.

Убиецот кој ноќеска изврши масакр кај Младеновац пукајќи низ три села и убивајќи осум луѓе е уапсен во близина на Крагуевац потврди српската полиција. Во неговиот крвав поход рани 13 лица.

Добивај вести на вибер
По осумчасовна потера приведен кај населбата Грошница во близина на Крагуевац., Во потрагата по него учествуваа 600 полицајци.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски

Урош Блажиќ призна сѐ: Убиецот од Младедонав даде своја одбрана за извршениот масакр

Родителите на жртвите го нападнаа масовниот убиец од Младеновац