Таткото на загинатите девојчиња Сара (5) и Тина (9) скршен од болка: Не знам како стојам на нозе!

Од:

„Јас сум татко на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка“, рече Ѓорѓе Фириќ, таткото на Сара (5) и Тина (9), девојчињата кои загинаа при падот на настрешницата на Железничката станицата во Нови Сад.

Девојчињата не го преживеаја падот на настрешницата, а веста утрово ја соопшти нивниот дедо Бранко Матиќ.

Таткото на девојчињата, кој од болка и тага едвај зборува, со солзи во очите и грутка во грлото изјавил:

„Јас сум татко на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка. Се чувствувам ужасно, немоќно. Ова се моите ќерки, не можам да се воздржам. Не знам ни како стојам на нозе. Ако ме разбирате, во моментов не можам да зборувам за трагедијата, моите ќерки ги нема. Немам сила, ако ми верувате. Само нека помине ова малку, па ќе ти кажам се. Не знам ни што да кажам сега, искрено да кажам немам повеќе зборови – рекол таткото за српска „Република“.

Во невидената трагедија која се случи при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа четиринаесет лица, а тројца се повредени.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Судот донесе одлука за обвинение за уривање на настрешница во Нови Сад

Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

А1он

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

Ја загуби ќерката при падот на настрешницата во Нови Сад, но смета дека „Ова не е начин да се дојде до правдата“

А1он