Данка Илиќ (2) e убиена на 26 март во Бањско Поле, а за нејзиното убиство осомничени се Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50). Девојчето денеска на 6 мај ќе наполнеше две години, но наместо тоа, 40 дена по нејзиното исчезнување, полицијата се уште трага по телото на девојчето.
По повод нејзиниот роденден се огласи нејзиниот татко Милош Илиќ.
-Нашето најмило малечко, денес требаше да ја дуваме свеќата за твојот втор роденден, љубов наша. Некои зли чудовишта не ни го дадоа тоа, простете им, а Господ е голем и ќе им суди! Најмногу те сакаат тато, мама и тато – напиша тато на Данка и сподели нејзина фотографија.
Драгијевиќ и Јанковиќ беа уапсени на 4 април, откако признаа дека го удриле девојчето со автомобил, ја задушиле и го отстраниле нејзиното тело.