Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

Од:

Родителите на Коста Кецмановиќ – момчето кое изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ се прогласени за виновни и се осудени.

Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и 5 месеци затвор, а Миљана Кецмановиќ на 3 години/

Инструкторот на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор за давање лажно сведочење

Владимир Кецмановиќ е осуден за кривично дело предизвикување општа опасност бидејќи неправилно складирал оружје и муниција и на тој начин му овозможил на својот тогаш 13-годишен син да изврши масовно убиство, како и запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Миљана Кецмановиќ за недозволено држење, носење и пуштање во промет оружје и експлозивни материи, бидејќи на чаурата од куршумите што била пронајдена во кабинетот по историја каде било застрелано момчето била пронајдена нејзината ДНК, како и за кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетник.

Јавноста ќе биде лишена од образложението на пресудата, со оглед на тоа што дел од изрекувањето е затворено за јавноста.

Би можело да ве интересира

Таткото на масовниот убиец од „Рибникар“ вели: Мојот син е „Црн лебед“

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски

Му рекол на синот дека е психопат, а го носел на стрелиште – детално образложение за пресудата против семејството Кецмановиќ

А1он

Пресуда за родителите на момчето убиец од Србија – се бара максимална казна

А1он

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски