Таткото го поли синот со бензин и го запали – мајката го спаси

Од:

Уапсен е маж во хрватскиот град Глина. Обвинет е за четири кривични дела – обид за тешко убиство, загрозување на живот и имот, семејно насилство и закана за палење на куќата.

Полициските службеници ја завршија кривичната истрага на 58-годишниот маж поради сомнение за сторени кривични дела тежок обид за убиство, загрозување на живот и имот со помош на општо опасно дело или средство, семејно насилство и закани.

Тој е осомничен дека во вторник, 21 октомври, запали гориво во собата од куќата каде што беа 25-годишниот негов син и 51-годишна сопруга, како резултат на што 25-годишникот претрпе тешки телесни повреди.

Понатамошната кривична истрага утврди дека тој го стори кривичното дело семејно насилство врз сопругата на која и претходно и се заканувал.

„Јутарњи лист“ дознава дека таткото запали крпа со запалка и ја фрли врз својот син и истури бензин, по што избувна пожарот. Пожарот се прошири по телото на младиот човек и во внатрешноста на куќата.

Нападот го виде мајката која реагираше храбро и трезвено. Таа го спаси својот син, го извлече од запалената куќа и му ја искина запалената облека.

Службите за итни случаи, полицијата и пожарникарите набрзо пристигнаа на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски