Студентите во Србија собираат потписи – се прави притисок Вучиќ да распише избори

Од:

Студентите во Србија започнаа со акција за собирање потписи од граѓани низ целата земја во поддршка за распишување избори.

Како што објавија претходно, целта на кампањата „Прогласи победа“ е подготовка за вонредни парламентарни избори, што е нивно единствено барање со месеци наназад.

Граѓаните го оставаат своето име, презиме, година на раѓање, општина од која се, како и нивната е-адреса и телефонски број.

Тие податоци одат во базата на податоци на студентите и се користат за „броење“ на граѓаните, односно за добивање попрецизни податоци за поддршката на студентскиот список и вонредните избори.

Ова е прва акција од ваков вид, откако студентите побараа вонредни избори во мај и најавија формирање на студентски изборен список, кој ќе вклучува кандидати избрани од студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Србија утрово приведе 29 студенти

А1он

Студентските протести блокираа неколку градови, Газела и Бранков мост блокирани во Белград

(ВИДЕО) Музика, јајца и полициски кордон: Новосаѓани направија забава пред штандот на СНС

(ВИДЕО) Белград ги пречекува демонстрантите од другите градови

Студентите од Ниш тргнаа кон Белград

Горан Наумовски

ВИДЕО: Напад на студентите кои сакаат да учат во паркот пред престедателската палата

Предраг Петровиќ