Студентите ја блокираат и телевизија Војводина, наместо информативна програма се емитува филм

Од:

Радио Телевизијата на Војводина (РТВ) нема да ја емитува својата редовна програма поради, како што соопштија, студентска блокада на влезот на објектот во Нови Сад, што се случи истовремено со протестите пред седиштето на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград.

„РТВ поради вечерашните настани и незаконската блокада на зградата емитува програма по променет програмски распоред“, се вели во соопштението од покраинскиот јавен сервис кој наместо утринска информативна програма емитува филм, а на радиото има само музика.

Влезот во зградата во Петроварадин кај Нови Сад околу полноќ бил блокиран од студенти во знак на солидарност со нивните колеги во Белград кои протестираат околу зградата на РТС, јавуваат медиумите. Непосредна причина за блокадата беше изјавата на новинарка на РТС која во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече студентите толпа, пишува Нова.рс.

Студентите формираа жив ѕид пред сите влезови во зградата на РТВ, подигнаа шатори, а на ѕидовите и стаклото на зградата со црвена боја спреј напишаа „Зошто молчиш“ и „Доста е медиумски мрак“. Зградата на РТВ ја обезбедуваат големи полициски сили, но немало насилни интервенции врз студентите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Немања Шаровиќ нападнат во Белград: „Пи*ко усташка“

ВИДЕО: 37 приведени по инцидентите во Белград, меѓу нив и Владимир Штимац

ВИДЕО: Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

Новак Ѓоковиќ се огласи на годишнината од трагедијата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мајката на една од жртвите во Нови Сад ќе штрајкува со глад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 16 минути тишина за жртвите, голем собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски