Студенска блокада на Државниот универзитет во Нови Пазар

Од:

Студентите на Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП) влегоа во зградата на таа високообразовна институција и официјално ја започнаа блокадата на наставата.

Бета објави дека по повеќе од два часа менаџментот и вработените одбиле да ја отклучат вратата, па студентите ја отвориле вратата и влегле на Универзитетот.

Пред тоа тие едногласно, на пленум, гласаа за блокирање на Универзитетот.

Влегувањето на над стотина студенти во зградата, пропратено со громогласни одобрувања и аплаузи, беше проследено од десетици граѓани кои дојдоа да им дадат поддршка.

Граѓаните останаа надвор од зградата се додека студентите внатре не ги затворија вратите и официјално не ја започнаа блокадата.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Студентите кои блокираат сакаат предвремени избори

Патрик Дрид, декан на ДИФ во Нови Сад, денес е нападнат пред неговиот факултет

Продолжува студентската блокада на РТС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Група студенти во Нови Пазар се обидоа да ги блокираат автобусите кои одат на собир во Белград

А1он

Пред РТС се скандира „Не лажете“: Голем број студенти и граѓани протестираат пред јавниот сервис

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Почна протестот пред РТС: Студенти пред јавниот сервис порачаа „Не е убаво да се лаже“