Стотина уапсени во Атина

Од:

Стотина лица се уапсени во акција на полицијата за протерување на анархистите од една напуштена зграда во центарот на Атина.

Полицијата морала ноќта кон средата, по вторпат последниве неколку дена да интервенира во зградата којашто околу 20 години беше неформално седиште на анархистичкото движење.

Во зградата во текот на ноќта навлегла голема група анархисти, а група нивни идеолошки истомисленици започнала судир со полицијата. Во моментов зградата повторно е исчистена од луѓе и обезбедувана од полицијата.

Во меѓувреме, околу 500 демонстранти го блокирале во знак на протест влезот на градата на министерството за развој, во која во тој момент бил во посета премиерот Антонис Самарас. Полицијата успеала да ги одбие демонстрантите. Друга група анархисти заземале локална канцеларија на партијата на умерената левица ДИМАР, којашто е дел од владејачката коалиција и ја обвинуваат за поддршка на властите.

Грчките партии, вклучувајќи ја и радикалната левица СИРИЗА, којашто ја обвинуваат дека е наклонета кон анархистите, го осудија нападот на канцеларијата ДИМАР.

ДИМАР издаде соопштение дека го осудува насилното влегување во партиското седиште, но дека нема намера да покренува тужби против натрапниците.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он