Стефановиќ: Српската полиција и понуди помош на Македонија

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ денеска соопшти дека разговарал со неговиот македонски колега Митко Чавков, при што понудил помош на српската полиција за Македонија, јави Танјуг.

– Во име на Министерството за внатрешни работи понудив сили кои би можеле да замиинат на помош, во смисла на спасување и заштита на луѓе, изјави Стефановиќ.

Тој нагалси дека неговиот македонски колега е ангажиран и се обидува да ја реши тешката состојба поврзана со поплавите и невремето што ја зафатија Македонија, додавајќи дека во овој момент македонската страна проценува оти може да ја држи ситуацијата под контрола.

– Во добра и постојана комуникација Србија е подготвена да излезе во пресрет и да помогне. Како и во случајот со мигрантите, сакаме да покажеме дека сме тука за нашите соседи и дека можат да се потпрат на нас и да знааат дека Србија е тука не само да се штити себе си и да се грижи себично за своите интереси, туку и да покаже дека се грижи и за други луѓе, со што ја штити и својата земја, изјави Стефановиќ, кој денеска заедно со неговата бугарска колешка Румјана Бачварова ги посетија граничните премини Калотиниа и Градина на границата меѓу Бугарија и Србија.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац