Српскиот министер за градежништво, Весиќ: Давам оставка!

Од:

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија – Горан Весиќ денеска во прес-салата на Владата на Србија одржува вонредна прес-конференција.

„Помина ден на жалост во Србија поради трагедијата што се случи во Нови Сад. Не го објавив тоа од сожалување за жртвите и нивните семејства. Таа вечер бев на железничката станица, истиот ден дадов оставка. Се случи несреќата, а мојата намера му ја соопштив на претседателот на републиката. Утре изутрина и официјално ќе поднесам оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура“, изјави Горан Весиќ.

Нагласи дека не се чувствува одговорен и виновен за смртта на 14 лица во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

– Ниту јас, ниту луѓето кои работат со мене немаме ни трошка одговорност за трагедијата што се случи. Сигурен сум дека истрагата ќе го покаже тоа. Поднесувам оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека има морална одговорност – рече тој.

Би можело да ве интересира

Весиќ кој е притвор започна штрајк со глад

Весиќ: Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицијата

Катерина Ѓуровски

Горан Весиќ поднесе оставка: „Заминувам со чиста совест“

Катерина Ѓуровски

Весиќ: СНС има апсолутно мнозинство пратеници и може самостојно да формира влада

Весиќ: Србија и Северна Македонија ќе имаат заедничка железничка станица во Табановце

Весиќ: Ѓилас посакува насилство на улиците на Белград

Предраг Петровиќ