Во Србија опозицијата ги блокира улиците, а претседателот на Србија не испраќа полиција, додека во Европската унија протестите на земјоделците се задушуваат со оклопни возила. Ова е денешниот наратив на српските медиуми.
Апсурдот е што опозицијата ја критикува власта и зборува за „диктатура“, се жали за тоа во Европската унија, а истата Европска унија ги „решава“ проблемите со оклопните возила, пишуваат медиумите.
Во Србија опозицијата со недели ги блокираше автопатите и границите, но полицијата не беше ангажирана да ги смири протестите, прават споредба српските медиуми.
U SRBIJI OPOZICIJA BLOKIRA CELU DRŽAVU A "DIKTATOR" VUČIĆ NE ŠALJE NITI JEDNOG POLICAJCA A U DEMOKRATSKOJ EU – OKLOPNA VOZILA NA POLJOPRIVREDNIKE!
Pazite apsurda, dok se opozicija danas žali Evropskoj Uniji na diktaturu u Srbiji, ista ta demokratska Evropska Unija šalje OKLOPNA… pic.twitter.com/SkZGRL9Vn7
— Detektor laži (@LaziDetektor) February 1, 2024
„Блокади на фармери низ ЕУ, 18 лица се уапсени во Франција за обид да го блокираат пазарот Ренжис во Париз, кој беше опкружен со десетици полициски возила и полицајци во опрема за немири! Околу Париз има оклопни возила, кои го штитат главниот град од идниот колона трактори“, се вели во извештајот.