Српската Влада досега објави повеќе од 140 документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад

Од:

Српската Влада досега објави повеќе од 140 документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, каде се урна бетонска настрешница, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени, пренесе Бета.

Објавувањето на документите од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура во врска со можното извршување на кривично дело во врска со уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември започна вчера врз основа на одлука на Владата, а на иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Владата ќе продолжи да ги објавува тие документи, од кои Вучиќ вели дека се 195, а според Форбс Србија се повеќе од 850.

„Во оваа работа, тој е обичен граѓанин, и нема овластување да ги чува тие документи кај него. Тоа е што се однесува до чувањето на документацијата“, вели Јелена Јериниќ, професорка по право и пратеничка од Зелено-лев фронт.

Во средата, претседателот Александар Вучиќ покажа документи поврзани со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и најави дека ќе бидат објавени на веб-страницата на Владата и на надлежните министерства.

Јериниќ изјави за ТВ Н1 дека бројот на документи е само „негов збор“ и дека „не знаеме колку ги има“.

„И што е многу важно, не знаеме од каде ги добил. Тој е во оваа работа обичен граѓанин и нема овластување да ги чува тие документи кај него“, изјави таа.

Јавното објавување на досиејата е во спротивност со изјавите на премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на Собранието Ана Брнабиќ дека се во Обвинителството, наведува медиумот.

Јериниќ смета дека со таквото однесување тој всушност го понижил премиерот Милош Вучевиќ, а потоа му наредил да објави некои документи „што тие ги избрале“ на веб-страницата на Владата на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

А1он

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

Ја загуби ќерката при падот на настрешницата во Нови Сад, но смета дека „Ова не е начин да се дојде до правдата“

А1он

ВИДЕО: Поднесено обвинение за падот на настрешницата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

Уапсен е член на комисијата за технички преглед на работите на Железничката станица во Нови Сад

ВИДЕО: Власта избра градоначалник на Нови Сад, пред собранието протести и јајца кон полицијата