Средба Бала-Ахмети: Албанците никогаш не биле подобро и позастапени од денес

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој престојува во Тирана, остварил средба со албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала, со кого разговарале за случувањата во Албанија, Северна Македонија и Косово оценувајќи при тоа дека „Албанците во регионот никогаш не биле подобро и позастапени од денес“.

За средбата во објава на Фејсбук Бала наведува дека „секогаш е чест и задоволство да се разговара со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“.

– Секогаш ми е чест и задоволство да разговарам со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Албанците во регионот никогаш не биле подобри и позастапени од денес, напиша Бала.

Според медиумите на социјалните мрежи за средбата објава има и Ахмети.

– Албанците во регионот никогаш не биле подобро и мора да работиме заедно и да се погрижиме Тирана, Приштина и Скопје брзо и безбедно да се движат кон Европската Унија, напиша Ахмети.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Ахмети: Уставниот суд да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома

Влен: Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти

Горан Наумовски