Србин силувал жена на плажа во Будва, во тек е потрага по него

Од:

Надлежните од Регионалниот центар „Југ“, Одделот за безбедност во Будва го расветлија кривичното дело силување на плажа, поради што трагаат по државјанин на Србија.

Вчера наутро жена пријавила во полиција во Будва дека била силувана од непознато лице на плажа во тој град, при што и таа се здобила со повреди.

За настанот бил известен обвинителот во Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој го оквалификувал како кривично дело силување и наредил да се преземат дополнителни мерки и дејствија за расветлување на настанот.

Припадниците на будванската полиција со интензивна работа на терен и преземање низа активности од нивна надлежност дошле до сомнение дека ова кривично дело го сторил државјанин на Република Србија, П.П. (47).

Против него е поднесена кривична пријава и полицијата интензивно трага по него, се вели во соопштението на Полициската управа на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

Ја истепал и ја силувал во автомобилот на татко му, се бара пртивор за скопјанец

Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец