Србин сакал да го внесе своето „Ламборџини“, вредно околу 900.000 евра, во својата земја преку Австрија, без да го пријави на царина. Во јули 2023 година, во близина на швајцарската граница во Австрија, српски државјанин бил запрен од полицијата на автопат за проверка. Србинот рекол дека сакал да пренесе два луксузни автомобили од Швајцарија на своите пријатели во Србија. Кон прегледот на превезената стока додадена е и царинска инспекција.
Проверката покажа дека возачот не ги пријавил возилата „БМВ“ и „Ламборџини“ на царина, соопшти австриското Министерство за финансии. Поради нелегален превоз на возила тие се одземени, пренесува швајцарски Блик.
Откако било утврдено дека за БМВ-то нема даночна обврска, автомобилот му бил вратен на Србинот. Но, тоа не важи за скапиот Lamborghini Aventador Lp 780 вреден околу 900.000 евра.
Србинот сега треба да плати вкупно 112.000 евра данок. Скапото возило е на царина и ќе му биде вратено штом ќе ја плати потребната сума. Во тек се постапки и кај даночните власти.
При увоз на моторни возила од трета земја, мора да се плати данок на промет на увоз, а во некои случаи и царина. Максималната казна за Србинот може да биде и до 228.000 евра.