Србин е уапсен во Херцег Нови – лажно пријави за поставена бомба во авион на Ер Србија

Од:

Стефан Михајлов (23) од Србија е уапсен под сомнение дека пријавил дека наводно е поставена бомба во авион на Ер Србија кој слета во Тиват од Белград, официјално ја информираше Полициската управа за „Вијести“. Тој е уапсен во Херцег Нови.

Сообраќајот на аеродромот во Тиват е прекинат поради пријавата. Стефан Михајлов (23) е осомничен за кривично дело лажно пријавување.

„Денес, во 16:40 часот, Полициската управа беше телефонски известена од непознато лице дека во авион што сообраќал на релација Белград-Тиват е поставена експлозивна направа, која според распоредот на летовите требало да слета на аеродромот Тиват во 18:30 часот. Веднаш по приемот на пријавата, службениците на Одделот за борба против криминалот заедно со службениците на Регионалниот безбедносен центар „Југ“, Одделот за безбедност на Тиват и Одделот за безбедност на Херцег Нови, презедоа низа итни сеопфатни мерки и дејствија во врска со овој настан, со цел да се обезбеди безбедноста на сите патници, како и идентификација на лицето кое го упатило дотичниот повик“, соопшти Полициската управа.

Се додава дека по ова следеле координирани активности и формирање на кризен штаб на аеродромот Тиват, кој дејствувал според протоколот за справување со кризни ситуации.

„Аеродромот Тиват беше евакуиран, а по слетувањето на споменатиот авион, беа проверени и патниците и багажот од овој лет. Дополнително, полициските службеници од Секторот за безбедност на лица и објекти, Група за антисаботажна заштита извршија антисаботажна проверка на авионот и утврдија дека пријавата е лажна. Бројните полициско-обвинителски активности што беа преземени дополнително резултираа со идентификација, лоцирање и лишување од слобода на лицето С.М. (23) од Република Србија, за многу кратко време. Тој е осомничен за сторено кривично дело лажно пријавување“ – соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

По два дена полета првиот авион од Абу Даби

А1он

СДСМ: Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија имаат постари владини авиони од Македонија

А1он

Сиљановска-Давкова: Користењето владин авион е и поевтино од комерцијален лет

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц

Почна истрагата за падот на авионот во Мавровското езеро