Два земјотреси во рок од половина час го погодија регионот во Сокобања, објави Републичкиот сеизмолошки институт. Послаб земјотрес е регитриран синоќа во Крагуевац.
Првиот земјотрес беше со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала на длабочина од два километри, додека вториот земјотрес беше со јачина од 1,8.
Во моментов нема информации за каква било штета, иако земјотресите со оваа јачина веројатно нема да предизвикаат значителна штета.
Синоќа, веднаш по 21 часот, земјотрес го погоди и Крагуевац. Според институтот, земјотресот бил со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала.
Според RSZ, земјотресот е регистриран во 21:14 часот и на длабочина од 9 километри.
