Србија нема да го укине законот за воени злосторства

Од:

Србија нема намера да го укине законот за универзална компетенција на српските судови за воени злосторства во поранешна Југославија и ќе продолжи да го применува, изјави за Радио Слободна Европа раководителот на српското обвинителство за воени злосторства Милан Петровиќ.

Како што наведува хрватскиот портал Индекс, тој закон е една од причините поради кои Хрватска ги блокира преговорите за членството на Србија во ЕУ. 

Петровиќ истакна дека заканите на Хрватска за блокирање на преговорите со ЕУ нема да влијаат на работата на обвинителството, кое ќе продолжи да покренува обвиненија против хрватските граѓани. 

– Србија нема намера да го укине законот за компетенција на судовите за делата за воени злостроства. Неговото укинување ќе го направи невозможно гонењето на злосторниците и на тој начин тие ќе можат да живеат спокојно и да ја избегнат законската одговорност, нагласи Петровиќ.

На прашањето за колку хртватски граѓани српското обвинителство води истрага, Петровиќ одговори дека тие податоци се службена тајна, се додека не се покрене обвинение, но потврди дека обвинителството работи на воените злосторства кои се извршени од страна на Хрватите на хрватската територија.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац