Спорни осум отсто од границите на БиХ и Хрватска

Од:

Границата меѓу Хрватска и Србија, која се протега на точно 1001 километар, и по повеќегодишните преговори и натаму е спорна и тоа за околу осум отсто од граничната линија, но решавањето на тој проблем е во целосен застој, предупреди претседателот на Државната комисија за граници на БиХ Ненад Бајиќ.

– Нема никакви состаноци на кои би се разговарало за тоа прашање, а во последните неколку години одржан е само еден полусостанок, рече Бајиќ.

Тој додаде дека не е ништо подобро ниту кога во прашање е дефинирање на границите на БиХ кон Србија, каде е спорно повлекување на гранична линија на четири локации, пишува „Независне новине“.

Бајиќ рече дека се размислувало и за меѓународна арбитража но засега важи договорот спорните прашања да се решаваат со директни преговори.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници