Советничка на Вучиќ: Не е точно дека претседателот сам побарал покана за Бледскиот стратешки форум

Од:

Сузана Васиљевиќ – советничка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека веста дека српскиот претседател „побарал покана за Бледскиот стратешки форум, но не ја добил“ е неточна.

„Претседателот Вучиќ никогаш не побарал покана за учество на Бледскиот стратешки форум, ниту пак имал намера да присуствува на тој настан. Учеството на Република Србија на Форумот беше јасно планирано и договорено преку учеството на министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ“, изјави Васиљевиќ за дел од српските медиуми, во согласност со протоколот и форматот на самиот состанок.

Дел од медиумите кај северниот сосед пишуваат дека претседателот и премиерот на Србија дури и не беа поканети на Бледскиот стратешки форум, изјавиле од словенечкото Министерство за надворешни и европски работи.

Според неофицијални информации, претседателот на Србија побарал покана за Блед, но не ја добил.

Би можело да ве интересира

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ

Вучиќ му честиташе роденден на Путин

А1он

Снежана Савиќ со јасна порака: „Јас гласам за Вучиќ“, а тој по говорот во Арената прво неа ја прегрна

Предраг Петровиќ

Путин: Се надевам дека Вучиќ ќе биде премиер на Србија

А1он

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Вучиќ: Среќен роденден и среќно преземање на должноста

А1он