Советничка на Вучиќ: Не е точно дека претседателот сам побарал покана за Бледскиот стратешки форум

Од:

Сузана Васиљевиќ – советничка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека веста дека српскиот претседател побарал покана за Бледскиот стратешки форум, но не ја добил“ е неточна.

Претседателот Вучиќ никогаш не побарал покана за учество на Бледскиот стратешки форум, ниту пак имал намера да присуствува на тој настан. Учеството на Република Србија на Форумот беше јасно планирано и договорено преку учеството на министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ“, изјави Васиљевиќ за дел од српските медиуми, во согласност со протоколот и форматот на самиот состанок.

Дел од медиумите кај северниот сосед пишуваат дека претседателот и премиерот на Србија дури и не беа поканети на Бледскиот стратешки форум, изјавиле од словенечкото Министерство за надворешни и европски работи.

Според неофицијални информации, претседателот на Србија побарал покана за Блед, но не ја добил.

Би можело да ве интересира

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

Вучиќ за Милановиќ: „Не сум негов пион, не припаѓам во Бриони“

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он