Совет на ЕУ: Црногорските политички актери да се воздржат од продлабочување на институционалната криза

Од:

Советот на Европската Унија апелира до сите политички актери во Црна Гора да покажат одговорност, да ја надминат поларизацијата и ги повикува да се воздржат од какви било активности што би можеле дополнително да ја продлабочат институционалната криза и да ги поткопаат демократските институции во земјата.

„Црногорските политички актери треба да изградат консензус за да ја вратат функционалноста на демократските институции и администрација неопходни за исполнување на прокламираната клучна цел за интеграција на Црна Гора во ЕУ“, се вели во нацрт-заклучоците во кои имала увид Радио Слободна Европа.

Овие заклучоци ќе ги усвојат министрите одговорни за европски прашања на состанокот што ќе се одржи на 13 декември, а потоа ќе бидат одобрени од шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот закажан за 15 и 16 декември.

Се потсетува дека во преговорите за членство на Црна Гора во ЕУ беа отворени 33 поглавја, а затворени само три. „Меѓутоа, поради застојот во неопходните реформи, Црна Гора не напредуваше во тековните преговори повеќе од две години. Последен пат Црна Гора отвори поглавја во јуни 2020 година. „Политичката нестабилност во земјата, која практично ја одбележа целата тековна година, дополнително влијаеше на забавување на евроинтеграцискиот процес“, се наведува во нацрт-заклучоците.

Црна Гора дополнително се охрабрува да ги зголеми напорите, особено во критичните области како што се слободата на изразување и медиумите, и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Признавајќи го напредокот постигнат досега, Советот ја нагласува потребата од подобрување на резултатите во истрагите, гонењето, правосилните пресуди и конфискацијата на криминалните средства“, се наведува во документот.

Официјална Подгорица се повикува „веднаш“ да ја укине секоја шема или мерка што може да го загрози или компромитира усогласувањето со правото и политиките на ЕУ.

Европската Унија, според овие нацрт-заклучоци, ќе ја цени конструктивната посветеност на Црна Гора за натамошен развој на регионалната соработка и за подобрување на добрососедските односи.

Црна Гора, велат тие, ќе биде „силно пофалена“ за нејзината доследна соработка за прашањата од надворешната политика, а особено за нејзината цврста и долгорочна и целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика, вклучително и рестриктивните мерки на ЕУ, што покажува, како што се наведува во документот, „силен сигнал за стратешката определба на Црна Гора на нејзиниот пат кон ЕУ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала