Министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ синоќа изјави дека состојбата во термоелектраната „Морава“ во Свилајнац е критична и дека ќе имаат проблем со достава на јаглен.
Тој по состанокот со раководството на ТЕ „Морава“ рече дека ќе разговара со Рембас, за да ја засилат доставата на јаглен од таму, а со Железница Србија ќе договорат итни мерки за оспособување на пругата за превоз на тој енергент.
-Ние оценивме дека состојбата е стабилна но и критична и дека треба да ја следиме од минута во минута- истакна Антиќ.
Е. Г.