Состојбата во Бања Лука се влошува

Од:

Градоначалникот на Бања Лука, Слободан Гаврановиќ изјави дека состојбата на подрачјето на градот се влошува, наведувајќи дека реката Врбас го однела пешачкиот мост во населбата Пријечани.

Тој синоќа рече дека сообраќајот е блокиран и на мостот во приградската населба Трн.

-Населбата Пријечани поради тоа потполно е отсечена од таа страна. Постои опасност од излевање на Врбас од нејзиното корито, со што ќе ги загрози населбите Трапости и Заводот за рехабилитација-изјави Гаврановиќ.

Според неговите зборови, водостојот на Врбас синоќа пораснал за 50 сантиметри, додека на Врбања која исто така тече на подрачјето на Бања Лука, водостојот се зголемил за 60 сантиметри.

Водата предизвика поплави и во населбата Лазарево, а во целост е поплавен Рафтинг центар Кањон, кој се наоѓа во населбата Карановац.

Гаврановиќ истакна дека конечната одлука за прогласување на вонредна состојба на подрачјето на општината ќе биде донесена врз основа на проценките на Кризниот штаб, врз основа на тоа како состојбата ќе се одвива на терен.

Инаку критична е и состојбата во Челинц, место кое што се наоѓа на одалеченсот од 15 километри од Бања Лука.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници