Состанок на лидерите на највлијателните партии во БиХ

Од:

Лидерите на шесте партии на новото парламентарно мнозинство во Босна и Херцеговина денеска во Бања Лука ќе разговараат за акциониот план за спроведување на патоказите кои се договорени во Брисел со претставниците на Европската комисија.

Присуството во Бања Лука го најавија Златко Лагумџија, Фахрудин Радончиќ, Милорад Додик, Младен Босиќ, Драган Човиќ и Божо Љубиќ.

„Очекувам една позитивна атмосфера и патоказите од Брисел да почнат да се исполнуваат… Состанокот ќе биде континуитет на бриселскиот, кој беше исклучително позитивен и претставува голема надеж за граѓаните на БиХ“, изјави лидерот на Унијата за подобра иднина на БиХ, Радончиќ.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина