Сопругата на притворениот лидер на грчката десничарска „Златна зора„, пратеничката Елени Заруља се наоѓа во домашен притвор, поради водење на криминална организација, пренесуваат агенциите.
Судиите вчера не се согласија дали Елени, која што ги негира сите обвиненија треба да биде ослободена или притворена до почеток на судењето.
Инаку нејзиниот сопруг, Никос Михалолијакос кој се наоѓа во притвор, е претседател на пронацистичката „Златна зора“ која сега е трета најпопуларна партија во Грција, а сите 18 пратеници од нејзините редови се обвинети за лидерство во криминална организација.
На полициската акција и претходеше убиство на еден левичарски музичар од страна на приврзаник на партијата „Златна зора“, која негира каква било поврзаност со настанот.
Е. Г.