Социјалдемократската партија на Црна Гора е против кандидатурата на Филип Вујановиќ за нов претседателски мандат

Од:

Социјалдемократската партија на Црна Гора (СДП), чиј претседател е Ранко Кривокапиќ, порача дека нема да го поддржи кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Филип Вујановиќ, на претседателските избори во земјата, односно, како што соопштија, ќе ги искористат сите правни механизми да ја оспорат неговата номинација за нов мандат на местото шеф на државата.

ДПС и СДП се долгогодишни коалициски партнери, но и покрај тоа партијата на Кривокапиќ го оспорува правото на Вујановиќ на уште еден претседателски мандат, бидејќи, наводно, нема законско право на него.

Претседателството на СДП, на седницата што заврши доцна синоќа, одлучи да не го поддржи Вујановиќ на изборите за претседател на Црна Гора, закажани за 7 април, и порача дека ќе ги искористи сите правни механзими за да ја оспори неговата кандидатура.

Портпаролот на СДП, Мирко Станиќ, изјави дека оваа партија нема да го поддржи Вујановиќ од уставни и политички причини.

– СДП, со цел да го спречи уривањето на уставните институции и меѓународниот углед на Црна Гора, ќе ги искористи правните процедури за оспорување на кандидатурата на Вујановиќ, наведе тој.

Вујановќ до сега на два пати беше избиран за црногорски претседател, но постои дилема дали му се смета првиот мандат, со оглед дека Црна Гора тогаш се уште не беше независна држава.

Од друга страна, лидерот на ДПС и црногорски премиер Мило Ѓукановиќ претходно изјави дека кандидатурата на Вујановиќ несомнено е во согласност со Уставот на Црна Гора.

ДПС жали што за претседателската кандидатура на Вујановиќ не е постигнат целосен коалициски консензус, ни и без него, тој има доволна поддршка за да победи, оцени Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски