Со самострел во врат е ранет полицаец пред израелската Амбасада во Белград, напаѓачот е убиен

Од:

Денеска околу 11 часот засега непознато лице, пукало со самострел кон припадник на Жандармеријата кој бил на безбедносна служба во Амбасадата на Израел, ранувајќи го во вратот.

Припадникот на Жандармеријата М.Ј. (1990) употребил оружје во самоодбрана и го застрелал напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.

Полицаецот во свесна состојба бил пренесен во Ургентниот центар каде ќе се изврши операција за отстранување на стрелата од вратот. Се истражуваат сите околности на нападот и можните мотиви.

Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ отиде во Ургентниот центар каде ќе го посети повреден припадник на Жандармеријата кој се здобил со тешки телесни повреди при вршење на службената должност.

Би можело да ве интересира

Маж од Нови Пазар повикувал на тероризам, полицијата го уапсила

Горан Наумовски

Уапсен маж со самострел во Белград: Имал седум стрели, влегол во полициска станица

Во Црна Гора е уапсена сопругата на убиениот терорист од Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Ова е смислен терористички напад, ќе има уште апсења, црвена тревога до вторник

Дачиќ: Синагогата во Белград беше можна прва мета на Жујовиќ

Српската полиција трага по сопругата на убиениот терорист од Белград

Горан Наумовски