Со бламирање до гласови: Изборите во Босна, апсолутен хит!

Од:

Локалните избори во Босна и Херцеговина во последно време привлекуваат неверојатно внимание не само на домашните туку и на светските медиуми. За само неколку дена се создаде доволно материјал за да се направи оваа предизборна компилација на “најголеми хитови.”

Случај 1: Порно кандидат.

Мирад Хаџиахметовиќ во својата кампања вклучи и порнографија

До 7 Октомври нема многу време, а трката за власт од ден на ден станува се пожестока. Како што пишува хрватскиот портал Index.hr, незапамтено бизарни изјави се појавуваат секојдневно, предизборните спотови предизвикуваат потсмев, а шарените, аматерски, трагикомични, а понекогаш и полу-писмени постери никнуваат на секој чекор. На кратко, локалните избори во Босна се вистински хит!

Кандидатот за градоначалник на Зеница Мирад Хаџиахметовиќ неодамна заврши на голем број светски портали, благодарение на неговата кампања во која беше вклучена порнографска секција на неговата интернет страница. Ништо не кажува дека “ова е цврст човек во своите ставови”, како неколку стратешки распоредени снимки на жежок секс.

А ако ни тоа не беше доволно, против “морбидната” кампања во Босна одлучи да се бори со овој плакат.

Случаи бр. 2 и 3 Со крадец во подобар живот

Тука е и Богдан Ѓукиќ, кој сака да се бори за власт во Tеслиќ со слоганот “Подобри луѓе за подобар Tеслиќ.” Сепак, неговата порака би внела повеќе сигурност ако неговиот прекар не е – Крадец! Прекарот, вели тој, го добил уште како дете, но своите гласачи ги уверува дека тоаништо не значи , бидејќи тој никогаш не крадел.

Од друга страна, Недим Диздаревиќ сака сите да знаат дека тој е капетан на долга пловидба, а тој се погрижи неговите гласачите да не го заборават тоа, па се одлучи на аматерска монтажа во која облечен како еден од актерите од серијата “Изборот на Лара” се претвори во “Раин избор. ”

Случај бр. 4: Поет

Миралем Рамиќ се одлучи за поетски пристап со слоганот “Доаѓа човек со ведро чело и направи чаршија од село”.

Миралем Рамиќ се одлучи за поетски пристап па така со слоганот “Доаѓа весел човек со ведро чело и направи чаршија од селот” се обидува да ги привлече гласачите. За жал, ќе ги изгуби поголемиот дел од оние кои знаат дека во зборот “човек” не постои “и”.

Случај бр. 5: Кандидатки на СДА

Кандидатки на СДА за Локален совет во Коњиќ

Некои од поените би можел да ги врати, бидејќи неговите против кандидати од Партијата за демократска акција “суптилно” ги нарече “криминалци и убијци”.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски