Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

Од:

Три од осумте деца кои вчера беа хоспитализирани денеска се пуштени од болницата во Требиње, откако беа задржани на опсервација поради труење со хлор на блискиот базен.

Осум деца на возраст од пет до осум години вчера попладне почувствувале слабост и биле префрлени во болница од туристичко-рекреативниот комплекс Сонце каде си играле кај детското езеро.

Тие во текот на ноќта се задржани во болницата во Требиње, а тројца утринава се пуштени на домашно лекување.

„Другите деца треба да го напуштат педијатрискиот оддел во текот на денот. Никој не развил тешки форми на труење, а некои ќе го продолжат лекувањето кај својот педијатар“, рече Љиљана Буха, раководител на педијатрискиот оддел за Радиотелевизија на Република Српска.

Според Туристичко-рекреативниот комплекс кој се состои од низа поврзани базени и езера, најверојатно до инцидентот дошло поради прекин на струја, по што децата биле изложени на големо количество хлор.

Би можело да ве интересира

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Струга доби затворен пливачки базен после две децении

A1on

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница