Словенечката криминалистичка полиција добила известување за упатени закани кон владини советници за коронавирус, поради што им била овозможена полициска заштита, соопшти полицијата.
Во синоќа објавеното соопштение полицијата не прецизирала колку советници добиле полициска заштита, ниту кои мерки се преземени за нивно обезбедување.
Полицијата наведува дека на советниците им биле испратени писма на домашна адреса со закани за нивниот живот и безбедност.
Писмата се запленети и покрената е кривична постапка.