За да го спречи ширењето на коронавирусот, словенечката влада донесе сет од рестриктивни мерки, но сепак не се одлучи за воведување локдаун како што препорачуваа некои од медицинските работници поради тоа што капацитетот на здравството за ковид-пациенти спред нив е на работ на издржливост.
Новите мерки ќе бидат во сила од понеделник. Според новата регулатива се скратува работното време на локалите и се забранува собирање на лица кои не се челнови на исто домаќинство.
Возрасната граница за задолжителна потреба на ковид сертификатот се поместува од 15 на 12 години, а потврдите ќе се сметаат за валидни само до документ за идентификација.
Во угоситетлските објкети за секој посетител ќе мора да бидат обезбедени најмалку 10 метри квадратни. Во продавниците ќе треба да биде означено колку луѓе смее да бидат внатре истовремено. Платнентите маски нема да бидат дозволени.