Словенија новиот претседател ќе го добие на 13 ноември

Од:

Вториот круг од претседателските избори во Словенија ќе се одржат на 13 ноември, соопошти денeска словенечката Државна изборна комисија.

Ниту еден од седумте кандидати во првиот круг од претседателските избори во неделата не доби поддршка од над 50 отсто од гласачите, па затоа ќе биде потребен втор круг за избор на нов претседател.

Во завршната изборна трка за претседател силите ќе ги одмерат кандидатката на опозициската Словенечка демократска партија (СДС) Анже Логар и независната кандидатка, адвокатката Наташа Пирц Мусар која доби најголема поддршка од гласачите во првиот круг. Во првиот круг Логар доби 33,96 отсто, а Наташа Пирц Мусар 26,85 отсто од гласовите.

До вториот изборен круг на кандидатите им остануваат уште речиси три недели кампања, која ќе трае до 11 ноември на полноќ кога почнува изборниот молк.

Конечните резултати од првиот круг од изборите се уште не се заклучени, бидејќи гласачките ливчиња кои ќе пристигнат по пошта од странство ќе се бројат по празникот на 2 ноември.

Петгодишниот мандат на новоизбраниот претседател почнува на 23 декември, а мандатот на претходниот претседател Борут Пахор истекува ден порано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Анкета: Во Словенија две партии се речиси изедначени пред изборите

Пахор и официјално ги закажа парламентарните избори во Словенија за 24 април

А1он