Словенија: Црна Гора е подготвена за членство во НАТО

Од:

Словенија смета дека Црна Гора е подготвена да стана полноправна членка на НАТО, на наредниот самит за проширување на Алијансата, денес е соопштено во Подгорица по разговорот на министрите за одбрана, Роман Јакиќ и Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ.

Црна Гора во моментов се наоѓа на Акцискиот план за членство, кој е претходник за полноправно членство во НАТО.

-Словенија ја гледа Црна Гора како најподготвена држава која треба да стане 29-та членка на НАТО-истакна Јакиќ.

Министерката за одбрана на Црна Гора нагласи дека пред нејзината држава се низа проекти и стандарди кои треба да ги исполнат на патот кон евроатлантските интеграции.

-Словенија е секогаш подготвена да ни помогне на тоа прашање и ние сме и благодарни-додаде таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски