Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денеска околу 13 часот и 40 минути полициското одделение Заечар било известено дека планинската спасувачка служба пронашла скијач во несвест на ски-центарот Стара Планина.
„Денеска околу 13 часот и 40 минути полициско одделение Заечар било известено дека на ски-центарот Стара Планина, планинската спасувачка служба пронашла скијач во несвест, кој подоцна бил идентификуван како М.В.(1991) од Лесковац. По прегледот на видео снимката од надзорните камери, кои го снимиле падот на скијачот, било утврдено дека никој не му се мешал или на друг начин не влијаел на настанот. Скијачот првично бил пренесен во Здравствениот дом Књажевац каде бил ставен во вештачка кома, а потоа во Клиничкиот центар Ниш, на Одделот за неврохирургија. За настанот е информирано и Основното јавно обвинителство во Књажевац“, рече Дачиќ.