Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 16:55 часот во северозападна Грција, на границата со Албанија.
Според достапните податоци, епицентарот се наоѓал на координатите 40,0643° СГШ и 20,6877° ИГД – во близина на грчкиот град Коница и албанскиот град Лесковик.
Податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на Земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните органи ја следат состојбата.
