Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Србија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Димитровград.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 2 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.