Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник на 18 февруари 2025 година во 17.54 часот во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал недалеку од Закинтос.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10,5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.